Ерик тен Хаг е редовно посочуван како главниот виновник за лошите резултати сезонава на Манчестер јунајтед. Но, Холанѓанецот постојано си пронаоѓа изговор за лошите резултати.
Иако „црвените ѓаволи“ потрошија сериозни средства за засилувања, резултатите воопшто не се согласно посакувањата. А, Тен Хаг вели дека на тимот му е потребно време за да дојде до посакуваното ниво, посебно ако се знае дека располага со голем број млади фудбалери.
„Ние ангажиравме пред се таленти и кога имате таленти потребно ви е време за да го видите развојот на Гарначо, Каби Маино и исто така Расмус Хојлунд. Потребно ни е време, а во исто време знаеме дека немаме време“ – вели Тен Хаг.
Но, англиските медиуми потенцираат дека ако продолжат лошите резултати на тимот не се исклучува можноста Тен Хаг да добие отказ уште пред да заврши сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА