Тен Хаг повторно со критики до Роналдо: Тоа што го направи е неприфатливо!

Ерик Тен Хаг по неколку денови конечно одлучи да проговори за Кристијано Роналдо, кој одлучи експресно да го напушти пријателскиот натпревар со Рајо Ваљекано (1-1) уште по првото полувреме.

Португалецот ги одигра првите 45 минути и потоа беше заменет, па не се ни заинтересира да види што ќе се случи до крајот на мечот, туку си замина, а по него и уште неколку други фудбалери. Во интервју за холандска телевизија, Тен Хаг го осуди ваквото однесување.

„Секако, не го оправдувам ова. Ова е неприфатливо! За сите. Ние сме тим и треба да останеме такви до крајот на еден натпревар“, рече Тен Хаг.

Дека Роналдо не е многу среќен со него и воопшто со тоа што игра во Манчестер јунајтед, светот дозна на почетокот на јули, кога Португалецот побара да си оди.

Претходно Тен Хаг прокоментирал и дека Роналдо не е на нивото на другите играчи, имајќи предвид дека уште не е стопроценти физички подготвен, нешто што може да предизвика дополнителен гнев кај Португалецот.

Се вчитува...