Во новата сезона за заборав на Манчестер Јунајтед славниот англиски клуб рано отпадна од европските натпреварувања, од самиот старт не е во битка за титула во Премиерлигата, а и единствениот трофеј кој останува е оној во ФА Купот каде „црвените ѓаволи“ ќе мораат да го поминат Ливерпул за да се најдат во полуфиналето.
Тренерот Ерик тен Хаг е свесен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот тим, но и понатаму верува дека може да стигне до трофеј во престижното Куп натпреварување. Но, како што вели, за да се оствари тоа неговиот тим треба да биде на апсолутно највисоко ниво.
„Мора да ја спасиме сезоната. Имаме шанса да освоиме трофеј, единствента шанса ни е ФА Купот. На три победи сме од трофеј, но сите овие натпревари ќе бидат тешки па затоа мораме да бидеме апсолутно на највисоко можно ниво“, изјави холандскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА