Тен Хаг: Разочаран сум, сите сме виновници

На Манчестер Јунајтед и на менаџерот Тен Хаг им следуваат тешки времиња. Вечра Јунјатед на домашен терен е понижен од Борнмут 0-3, што придонесе за уште едно големо разочарување на навивачите.

Фановите со свирежи го проследија последниот свиреж, побараа смена на Тен Хаг. Пресудни ќе бидат следните натпревари, кога најпрво Манчестер го пречекува Баерн Минхен во ЛШ, а потоа гостување и на Енфилд, што нималку не е лесна задача.

„Разочаран сум. Сите сме разочарани, пред се играчите, но и јас. Одговорноста мора да ја прифатиме заеднички. Не почнавме добро, не’ „фатија“ од првата контра на спиење, пред тоа за малку да направиме пенал. Пимивме евтин гол, им направивме услуга, затоа што тие се добар тим од транизција, а добро се бранат. Јасно е дека не сме во континуитет, но тешко е да се игра со ист интензитет секој трет ден“, изјави Тен Хаг.

Неговиот тим имаше негатива на полувремето, а се верува дека на крајот би можело да биде поинаку.

„Можевме да направиме пресврт во продолжение, затоа што мислам дека не игравме лошо во првиот дел, освен во тој дефанзивен дел. Имавме добри напади, но не бевме добри пред противничкиот гол. Второ, не може да почне мечот од петтта минута“, рече менаџерот на Јунајтед.

Се вчитува...