Тен Хаг: Реков дека Онана ќе го покаже својот квалитет, и еве го…

Ерик Тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед истакна задоволство после првата победа во Лигата на шампионите против Копенхаген. Вчера потешко од очекувањата Јунајтед дојде до триумф над данскиот првак минимално со 1-0.

Херој на „Црвените ѓаволи“ е голманот Андре Онана. Имаше неколку брилијантни одбрани, а „шлагот на тортата“ дојде во шестата минута од судиското надополнување кога одбрани пенал, и така го сочува водството на својот тим и на крајот победата.

„Онана го покажа својот квалитет. Андре знае дека може многу подобро. Реков јас дека ќе го покаже својот квалитет, и еве го. Претходно имаше добар меч во Премиерлигата, и еве сега повторно. Да не ја заборавиме онаа брилијантна одбрана во вториот дел. А за пеналите, знам дека тој многу добро ги брани“, вели Тен Хаг.

Голот вреден победа го постигна Хари Мегваер, уште еден играч кој во последно време беше доста критикуван.

Се вчитува...