Ерик тен Хаг е без ангажман откако во октомври доби отказ од Манчестер Јунајтед, но холандскиот стручњак во меѓувреме доби неколку интересни понуди за да се врати на тренерскиот занает.
Борусија Дортмунд и Феенорд испратија богати понуди до овој стратег, кој на крајот реши сепак да се одмори од професијата, барем до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
„Точно е, имав понуди, но јас донесов поинаква одлука. Решив да не водам клуб до летото, за потоа ќе видиме“, прокоментира Тен Хаг.
Тој се осврна и на времето минато во Манчестер јунајтед, клуб со кој успеа да стигне до куп-трофеи, но на крајот ја плати цената поради слабите игри и резултати во Премиер-лигата.
„Во Манчестер јунајтед имавме навистина прекрасни моменти, достигнавме одредени врвови, но како што секогаш велам – мора да се работи за да се биде уште подобар. Во Јунајтед не е доволно да бидеш само добар, се очекува да си најдобар… Ако нешто ми недостига, тоа е „Олд Трафорд“ и атмосферата на овој фудбалски храм“, изјави поранешниот стратег на „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

