Тен Хаг сака да го „украде“ Маунт пред носот на Ливерпул

Ливерпул во јануари му нанесе сериозен удар на Манчестер Јунајтед успевајќи да го довее Коди Гакпо од ПСВ пред носот на Ерик тен Хаг. Холандскиот стратег сега е подготвен да го возврати ударот и тргна во офанзива за потпис на Мејсон Маунт, англискиот фудбалер од Челси за кого Јирген Клоп неколку месеци наназад покажува сериозен интерес.

Клоп во меѓувреме го насочи вниманието кон Мекалистер од Брајтон, кој ќе биде прв летен трансфер на „црвените“, по што ќе следат и преговори со Челси за Маунт. Манчестер Јунајтед сака да го искористи тоа и веќе тргна во офанзива по Маунт, испраќајќи понуда од 55 милиони фунти за овој фудбалер.

Челси во јануари бараше 85 милиони фунти, но јасно е дека оваа сума значително ќе се намали, особено ако се знае дека Маунт следното лето ќе биде слободен играч. Тен Хаг верува дека со Маунт во тимот ќе ја добие неопходната цврстина во средниот ред и Англичанецот би бил идеален партнер за Кашемиро, давајќи му дополнителна слобода за маневар на Бруно Фернандеш.

Интерес за Маунт покажува и вицешампионот Арсенал, но барем засега понудата од 55 милиони фунти од Јунајтед е единствената официјално доставена до Челси.

Се вчитува...