Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг немаше воопшто причини да биде среќен откако неговиот тим доживеа уште еден пораз во групата А во Лигата на шампионите.
„Црвените ѓаволи“ после поразот во Минхен во првото коло, вчера загубија од Галатасарај на домашен терен со 2-3, и така си ја загрозија судбината околу пласманот во нокаут фазата во најелитното европско натпреварување.
И покрај тоа што водеа со 1-0 и 2-1, на крајот Галатасарај успеа да стигне до пресврт, и до три бода од ова гостување, а Тен Хаг кажа дека неговиот тим си „пукал сам во нога“.
„Ја контролиравме играта, двапати водевме, но потоа си пукавме во нога откако примивме лесни голови. Во тие моменти не се браневме онака како што треба. Во ЛШ не е лесно да се постигнуваат голови, а ние постигнавме пет, а загубивме два меча. Затоа е важно да се контролира топката и треба да се подобриме во тој поглед“, изјави Тен Хаг.
Холанѓанецот кажа дека и натаму неговиот тим има шанси да дојде до некое од првите две места.
„Групата останува отворена, секој меч е тежок, но знаемеме што треба да направиме з да останеме во игра и да одиме во следната фаза“, рече менаџерот на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА