Тен Хаг се казни самиот себе: Холанѓанецот трчаше заедно со своите играчи

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг воведе спеицифични методи на работа во клубот од „Олд трафорд“. Холанѓанецот кој во мај седна на клупата на „црвените-ѓаволи“ во понеделникот ја запиша првата победа како менаџер на тимот откако славеше во големото дерби против Ливерпул со 2-1.

Пред овој голем триумф, јунајтед одигра два очајни меча каде беше поразен од Брајтон и Брентфорд. По мечот со Брентфорд тој го откажал слободниот ден на играчите и им наредил да се појават на вонреден тренинг.

Тренингот почнал со тоа што играчите морале да претрчаат 13.8 километри, а заедно со нив трчал токму и тој. Сведоци кажуваат дека тој после 13 километри бил неверојатно исцрпен, но со тоа сакал да му покаже на тимот дека сите се виновни за двата порази на стартот на сезоната.

Се вчитува...