Тен Хаг: Секогаш е тешко да се игра по освојување на трофеј

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг ја пофали големата желба на своите играчи и пласманот во четвртфиналето на ФА Купот, иако „црвените ѓаволи“ не блескаа против Вест Хем (3-1).

Овој натпревар дојде откако Манчестер јунајтед го освои Лига Купот победувајќи го Њукасл во финалето.

„Секогаш е тешко да се игра по освојување трофеј и славење, бидејќи тогаш треба да се вратите на работа како и обично, тоа беше нашата задача и конечно најдовме начин да победиме“, изјави Ерик Тен Хаг.

Неговите играчи не блескаа, Вест Хем поведе и создаде големи проблеми на „Олд Трафорд“, но „црвените ѓаволи“ на крајот завршија со триумф од 3:1.

Се вчитува...