Тен Хаг си го носи „омилениот син“ и во Баер Леверкузен?

Ерик тен Хаг беше промовиран за нов тренер на Баер Леверкузен, а на холандскиот стратег му е јасно дека ќе треба да направи целосен ремонт во тимот по заминувањата на дел од клучните фудбалери.

Десниот бек Фримпонг веќе се пресели во Ливерпул, а прашање на ден е кога по негови стапки ќе тргне и Флоријан Вирц, големиот ас кој во последните две сезони беше избиран за најдобар фудбалер во Премиер-лигата. Тен Хаг планира да доведе најмалку еден врвен офанзивен играч во Леверкузен, а на врвот на листата со желби на Холанѓанецот е неговиот миленик – Бразилецот Антони.

Тен Хаг како тренер на Ајакс го доведе Антони во гигантот од Амстердам, а откако помогна тој да блесне за „црвено-белите“, холандскиот стручњак веднаш по преселбата во Манчестер Јунајтед инсистираше бразилскиот крилен офанзивец да му биде доведен на „Олд Трафорд“. Желбата му беше исполнета, но Антони разочара со игрите во Премиер-лигата, станувајќи еден од најлошите трансфери во историјата на ова натпреварување.

Сепак, позајмицата во Бетис во јануари се покажа како вистински потег, Антони потсети на своите најдобри денови од времето во Ајакс, но тешко е да се поверува дека тој ќе се избори за посериозна минутажа кај Аморим. Баер Леверкузен будно ја следи ситуацијата и наскоро ќе почне преговори, па останува да се види дали клубовите ќе најдат заеднички јазик за Антони и по третпат во кариерата да заигра под водството на холандскиот стручњак.

Се вчитува...