Тен Хаг си најде „нов Санчо“ – отстранет од првиот тим, испратен сам да тренира

Ерик тен Хаг се мачи да спроведе дисциплина во Манчестер Јунајтед, холандскиот стратег како да мора да има „дежурен виновник“ во својата екипа, па сега кога си замина Џејдон Санчо приказната се повторува со Антони Марсијал.

Францускиот интернационалец повеќе од еден месец е надвор од тимот на Јунајтед, а весникот „Дејли Мејл“ обелодени дека Марсијал и воопшто не тренира со првата екипа откако бил отстранет од страна на Тен Хаг, слично како што тоа беше случај и со Санчо. Причината била назадоволството на тренерот од физичката подготвеност на Марсијал, кој една седмица претходно бил надвор од тимот поради болест, исто како и Маркус Рашфорд.

И додека Рашфорд десетина дена подоцна се врати во стартниот тим, за Французинот нема место не само на клупата, туку и на тренинзите на „црвените ѓаволи“.

Медиумите го оценуваат ова како дополнителен притисок врз Марсијал за да си замине во нов клуб во јануари, за Јунајтед да заработи барем нешто на него во ситуација кога договорот му истекува за помалку од шест месеци.

Се вчитува...