Тен Хаг: Сигурен сум дека навивачите се разочарани од нас

Манчестер Јунајтед игра важен меч против Астон Вила во Премиерлигата, а нема друг избор за избраниците на Ерик тен Хаг, освен да тргнат по победа, и така да почнуваат да ја спасуваат сезоната.

Менаџерот Тен Хаг им порача на навивачите да дадат поддршка, а тој од неговите играчи бара да се подобрат во сите сегменти, за да престанат разочарувањата.

„Сигурен сум дека навивачите се разочарани од нас. Ние мораме да поправиме се. Треба да играме поинаку. Навистина цениме тоа што не поддржуваат, дури и покрај неуспесите кои ги имавме во текот на сезоната. Тие се тука за нас цело време, и ние го цениме тоа. Се разбира потребна ни е поддршка, но и тимот мора да игра многу подобро“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...