Кристијано Роналдо синоќа го скрши малерот и успеа да постигне гол од белата точка за тимот на Манчестер Јунајтед во мечот од Лигата на Европа против екипата на Шериф Тираспол (0-2). Португалецот засега не ја има главната улога во тимот како некогаш и тоа на сите им е јасно зошто.
Роналдо ги нема истите минути од претходната сезона, непосакуван инцидент се случи откако самиот тој беше во потрага по нов клуб, но не успеа да го најде и не замина на подготовки со својот тим.
Менаџерот Ерик Тен Хаг изгледа успеал да ги нормализира односите со ѕвездата на Португалија, па застана во негова одбрана и му даде поддршка.
„Не можете да очекувате од Кристијано да биде во топ форма кога пропушти огромен дел од подготовките. Ќе треба напорно да работи за да ја постигне својата посакувана ‘убиствена’ форма, и тоа е нормално. Сигурен сум дека тој ќе го стори тоа и дека головите кои ги постигнуваше редовно повторно ќе се вратат на менито. Тој е значаен дел од овој тим“, потенцираше Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА