Катастрофалната сезона проследена со бројни повреди во која Манчестер Јунајтед рано го заврши настапот во европските натпреварувања, на три кола пред крајот се уште стравува за место во Европа следната сезона и единствениот спас за истата може да биде трофејот во ФА купот каде во финалето „црвените ѓаволи“ ќе се сретнат со големиот ривал Манчестер Сити може да донесе промена на тренерското место престојното лето.
Со промената на раководството Ерик тен Хаг не е сигурен на „Олд Трафорд“, но како што вели самиот тоа воопшто не го интересира.
„Раководството има здрав разум. Видовте дека користевме 32 задни линии, имавме 13 тандеми во средината на теренот, немаме лев бек, јасно е дека се тоа влијае на резултатите. Пред нас е ФА Купот и среќни сме што ќе се бориме за титула. Тоа може да биде врвот на нашата сезона.
Свесни сме за причините поради кои не играме добро. Тоа се повредите. Ниту еден тим не може да игра на своето ниво со толкав број на повреди“, изјави Тен Хаг говорејќи за англиските медиуми па се осврна и кон својата иднина на „Олд Трафорд“.
„Тоа е прашање кое треба да му го поставите на раководството, не на мене. Ваше мислење е дека можеби треба да добијам јавна поддршка. Мојата задача е да зборам со вас. Не ми е галје за нив. Јас работам на тоа да го напреднам и развијам тимот“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА