Тен Хаг: Манчестер Јунајтед ќе освои трофеј следната сезона

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е убеден дека и во новата сезона неговиот тим ќе освои трофеј.

„Дефинитивно верувам дека клубот ќе освои барем еден трофеј идната сезона. Но, тоа не е нашата цел. Најважно е клубот да оди напред. Сите ние мораме да се движиме кон поголема цел. Не станува збор за поединци, туку за тимот“, изјави Тен Хаг.

Ерик тен Хаг кажа дека сите недоразбирања со Санчо се надминати, и дека сега тој се подготвува за новата сезона заедно со тимот. Во последно време се појавија шпекулации дека ќе биде замената за Килијан Мбапе во ПСЖ, но веројатно до трансфер нема да дојде.

„Оставаме се зад нас и си кажавме се што имаме. Се знаеме многу добро меѓусебно, тој знае какви се стандардите, и сега сакаме само да работиме. Дали се извини? Мислам дека мојата изјава кажа се, и се е веќе јасно“, изјави менаџерот на Јунајтед.

Се вчитува...