Манчестер Јунајтед се ослободи од услугите на Џејдон Санчо откако 23-годишниот Англичанец замина назад во Борусија Дортмунд каде ќе остане како позјамен играч до крајот на сезоната. Тоа отвара поголема минутажа за миленикот на холандскиот стратег, 95-милионското засилување Ентони.
Бразилецот оваа сезона настапи на 21 натпревар, а се уште го чека првиот гол и првата асистенција. Ерик тен Хаг проблемот за лошата форма ја најде во проблемите надвор од теренот каде 23-годишникот се соочи со оптужби за насилство над три жени.
„Можам да објаснам зошто се мачи. Мислам дека е многу едноставно. Проблемите надвор од теренот го спречуваат да игра на своето ниво. Првата година тука му беше добра, добар беше и во претсезоната, а беше одличен и на првите четири натпревари. Не настапи некое време и кога се врати не успеа да ја врати формата која од него ја очекуваме. Јас добро го познавам него и знам дека може повторно да игра во врвна форма“, вели Тен Хаг кој потоа кратко говореше и за заминувањето на Санчо.
„Се надевам дека ќе игра добро. Му посакувам се најдобро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА