Тениската репрезентација на Македонија славеше со 2-1 над Црна Гора во рамките од третата група од европската зона во Дејвис-купот што се одржува во Улцињ. Со овој резултат, македонските тенисери го оставија зад себе разочарувачкиот настап и пораз од 1-2 од селекцијата на Луксембург.
Калин Ивановски и Горазд Србљак победија во дубл натпреварот против Петар Јовановиќ и Резарт Цунгу, носејќи го клучниот поен за победа над Црногорците. Претходно, Калин Ивановски победи со 6:4 и 6:3 во својот сингл натпревар против црногорскиот тенисер Петар Јовановиќ, додека во вториот сингл натпревар македонски тенисер Берг Бугариќ загуби од Резарт Цунгу.
Македонските репрезентативци утре ги очекуваат дуели со селекцијата на Молдавија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

