Тенисерите поразени од Бугарија, нема прогрес во Дејвис купот

Македонската Дејвис куп репрезентација останува во Третата Евроафриканска зона, откако во директниот дуел за пласман во плејофот за ранг погоре, загуби од домашната селекција на Бугарија во Пловдив. Искусниот Димитар Грабул загуби од бугарскиот тенисер Димитар Кузманов со 2-0 во сетови (6-2, 6-2), а со тоа Бугарија стигна и до вториот поен. Претходно, Горазд Србљак беше поразен во првиот меч од дуелот со бугарскиот ривал.

Следи дуелот во игра на двојки, но тој ништо не може да промени, освен евентуално да донесе еден поен за нас, за ублажување на поразот од Бугарија.

Се вчитува...