Ослабената Дејвис куп репрезентација на Македонија има негатива од 2-0 по првиот дел и двата сингл натпревари против репрезентацијата на Кипар од во Втората светска група во Дејвис купот.
Прв денеска на теренот се појави Амар Хусеиновиќ кој загуби со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-0 против Менелаос Ефстатиу. Со идентични 2-0 по сетови 6-3 и 6-0 изгуби и Стефан Мицов.
Доколку сакаат да играат меч за пласман во првата светска група нашите тенисери утре ќе мора да ги добијат сите три натпревари (еден во дубл и два во сингл) против репрезентацијата на Кипар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

