Тенисерка се расплака сред меч на УС Опен: Не е поради тенис, поранешниот дечко беше на трибини

Чешката тенисерка Каролина Мухова откри дека причината за нејзината емотивна реакција и краткото прекинување на мечот во 2. коло немала никаква врска со тенисот, туку со – нејзиното поранешно момче.

Мухова ја победи Романката Сорана Кирстеа во драматична победа од 7-6, 6-7, 6-4 минатата недела, но нејзината победа беше засенета од моментот кога забележа познато лице „веднаш спроти нејзината клупа“.

Додека губеше со 1-4 во првиот сет, 29-годишната тенисерка го запре натпреварот, ги бришеше солзите и им се извини на противничката и на судијата.

По мечот таа објасни што се случува.

„Немаше ништо поврзано со тенис. Моето поранешно момче седеше спроти мојата клупа. Понекогаш се појавува на места каде што не треба да биде. Тоа малку ме потресе. Му реков да си оди, на почетокот не сакаше, но на крајот го направи тоа. Во тој момент беше многу тешко да се концентрирам“, изјави Мухова. 

Се вчитува...