Прекрасната канадска тенисерка Еугени Бушар го исполни ветувањето дека ќе излезе на состанок со еден навивач поради загубен облог на Твитер за време на Супербоул, финалниот дуел од НФЛ – лигата меѓу Атланта фалконс и Њу Ингланд патриотс. Атланта водеше со 28-3, а Бушар тврдеше дека овој тим е многу блиску до победа.
„Ќе излезеш ли со мене, доколку се случи пресврт?“, ја праша навивачот на „патриотите“, Џон Герке, а таа веднаш кажа „Да“.
После сензационалниот пресврт, Бушар потврди дека ќе го исполни своето ветување. Канадската тенисерка го однесе навивачот на НБА мечот меѓу Бруклин и Милвоки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА