Тенисерки во љубовна врска – Ќе ја „крунисаат“ со брак

Белгиските тенисерки Алисон Ван Ујтванк и Гритје Минен одлучија својата љубовна врска да ја „крунисаат“ со брак.

Алисон и Гритје се заедно четири години и немаат проблем отворено да зборуваат за нивната врска, па често објавуваат фотографии на социјалните мрежи, а на нив разменуваат нежности.

Тенисерките објавија дека се вериле и дека нивната венчавка ќе се одржи на почетокот на 2021 година.

 

 

Се вчитува...