Македонската тенисерка репрезентација ја издвојува и четвртата победа на турнирот во Скопје во третата европска зона од Били Џин Кинг купот.
Откако нашите тенисерки беа убедливи во претходните три кола, денеска на ист начин со две сингл победи славеа и над Исланд.
Прво Магдалена Стоилковска so 6-1 и 6-0 славеше над Гронхол, додека со 6-2 и 6-0 Лина Ѓорческа беше подобра од Јонасдотир.
Останува уште мечот во двојки кој нема никакво резултатско значење бидејќи нашите тенисерки веќе го осигураа првото место во Б групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

