Тениската репрезентација на Македонија се пласираше во финалето на турнирот кој се одржува во Скопје во 3. евро-африканска зона во „Били Џин Кинг“ купот. Македонските тенисерки уште по двата сингл меча обезбедија победа против репрезентацијата на Косово.
Прво, Магдаелена Стоилковска беше подобра од Доника Башота со 6-0 и 6-1, а потоа и нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа славеше над Адријана Лекај со 6-2 и 6-2.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Република Ирска и Португалија, а победникот ќе игра против Македонија во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

