Македонската тениска репрезентација претрпе пораз од Кипар во последниот натпревар од Втората Евроафриканската зона во Били Џин Кинг Купот.
Нашата селекција настапи без Лина Ѓорческа која се повреди против Египет, па така прво Ана Митевска беше поразена со 2-0 (6-2, 6-0) од страна на Нина Андроникоу, а потоа Магдалена Стоилковска загуби од Дарија Фрајмен со 6-4 и 6-3.
На турнирот во Ларнака, македонската репрезентација славеше над Косово и Јужна Африка, а претрпе порази од Норвешка, Египет и Кипар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА