Женската тениска репрезентација на Македонија стигна до одличен резултат, триумфирајќи во Третата европска зона од „Били Џин Кинг“ купот, што значи и промоција во повисок ранг на натпреварување нардната година.
Македонија денеска во големото финале се сретна со селекцијата на Ерменија, по голема битка славејќи со 2-1 со победи благодарение на одличната Лина Ѓорческа. Ерменките поведоа благодарение на триумфот на Мурадјан над Стоилковска, на 1-1 изедначи Ѓорческа кој со 6-0, 6-0 ја прегази Давтјан, а потоа во решавачкиот меч во двојки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги совладаа Мурадјан и Давтјан со 6-3, 6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

