Македонските тенисерки го загубија дуелот против Косово (1-2) од второто коло во Третата Евроафриканска зона во Фед купот кој се одржува во Хелсинки. Македонија ги загуби двата меча во индивидуална конкуренција. Магдалена Стоилковска доживеа пораз со 1-2 во сетови од Доника Башота (2-6, 6-3, 5-7), а потоа Лина Ѓорческа загуби од Арлинда Рушити со 1-2 во сетови (1-6, 6-3, 2-6).
Во игра на двојки, македонското дуо Ана Ристевска/Александра Симева славеше против Веса Ѓинај/Блеарта Укехаџај со 2-0 во сетови (6-4, 6-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА