Серена Вилијамс и Марија Шарапова ќе ги одмерат силите во најинтересниот дуел од првото коло на УС Опен, одреди ждрепката што беше извршена денеска во Њујорк. Серена ќе ја има улогата на осма носителка, а својата авантура во Њујорк ќе ја стартува со дуел со некогаш големата ривалка. Шарапова е далеку од посакуваната форма, но нема сомнеж дека ќе се обиде да се прикаже во што подобро светло во дуелот со Вилијамс.
Првата носителка Наоми Осака одбраната на трофејот ќе ја почне со дуел со Блинкова, додека Ешли Барти за ривал на стартот на УС Опен ќе ја има Дијаз.
Рафаел Надал ќе го стартува настапот на овој гранслем турнир со пресметка со Американецот Милман, кој лани го елиминираше Федерер од УС Опен. Швајцарецот овојпат стартува против Џумхур, Ѓоковиќ ќе се сретне со Шпанецот Баења, а доколку двајцата ги минат своите ривали, Федерер и Ѓоковиќ би можеле да се сретнат во полуфиналето во Њујорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА