Тениската елита се собра во Лондон (ВИДЕО)

Лондон од недела ќе биде центарот не тенисикот свет. Осуммината најдобри играчи во 2019 година ќе се натпреваруваат на завршниот мастерс во главниот британски град. Списокот го предводи Надал кој го презеде врвот на листата и за местото број еден ќе се бори со Новак Ѓоковиќ. Тие се во различни групи во прелиминарната конкуренција. Надал е во групата „Андре Агаси“ со актуелниот бранител на титулата, Германецот Александар Зверев, како и дебитантите Данил Медведев од Русија и Стефанос Циципас од Грција.

Во конкуренцијата „Бјорн Борг“ покрај Ѓоковиќ е и Роџер Федерер, Доминик Тим и Матео Беретини. Осумката се подготвува за стартот на турнирот, а првите натпревари се закажани за в недела.

 

 

Се вчитува...