Тениската легенда Патрик Муратоглу му даде реални шанси на Јаник Синер да се закити со трофејот на следниот грен-слем, Ролан Гарос.
Французинот со грчко потекло верува дека италијанскиот тенисер има квалитети за титула, а во прилог му оди и тоа што игра неверојатно добро на земјена подлога.
„Квалитетот на неговиот тенис автоматски го прави потенцијален победник на грен-слем. Фактот дека така добро се движи на земјен терен, како да е свој на своето го прави потенцијален победник на Ролан Гарос. Бидејќи движењето е клучен фактор на таков терен.
Во минатото видовме многу победници на Ролан Гарос кои не се специјалисти на земјен терен. Новак Ѓоковиќ, на пример, не е прототип за таков терен. Затоа мислам дека Јаник дефинитивно може да го освои турнирот“, изјави Муратоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

