Тениските судии најавуваат бојкот на мечевите на Серена Вилијамс

Организацијата на тениски судии ја разгледува можноста да не делегира свои претставници на следните мечеви на Серена Вилијамс по скандалот што го предизвика тенисерката во финалето на УС Опен. Во дуелот против Наоми Осака, Серена влезе во сериозен конфликт со судијата Карлос Рамос откако тој ја казни неколкупати, па потоа и одзеде гем. Таа го обвини за сексизам, а потоа тргна лавината реакции про и контра.

Во одбрана на Серена застана ВТА, а во одбрана на Рамос, логично застана организацијата на судии, но и ИТФ која во соопштение објави дека португалскиот судија ги почитувал правилата и не направил ниту една грешка.

Однесувањето на Серена сепак најжестоки критики доби од колегите на Рамос. Најголемиот дел од нив велат дека организацијата во Њујорк била лоша и дека Рамос бил оставен сам на себе, а работата ја завршил како што треба.

Судиите сега бараат начин да се заштитат, а еден од нив е бојкот на мечевите на американската тенисерка. Од неа се бара извинување за однесувањето во финалето, ако го стори тоа, ќе продолжат да судат на нејзините мечеви.

 

 

Се вчитува...