Тенисот добива нова мегаѕвезда: Младата Андреева и нанесе нов болен пораз на Швјонтек

Младата 17-годишна руска тенисерка Мира Андреева приреди нова сензација одново совладувајќи ја фаворизираната Ига Швјонтек за пласман во финалето на Индијан Велс.

Како и на турнирот во Дубаи, Русинката покажа фантастична игра против фаворитката, овој пат славејќи со 7-6 (7-1), 1-6 и 6-3.

Во големото финале ќе се сретне со најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка која пак ја потврди фаворитската улога, декласирајќи ја Медисон Киз со 6-0 и 6-2.

 

Се вчитува...