Тенисот моментално е во втор план: Ѓоковиќ ужива со својата сопруга Јелена (ФОТО)

Јелена Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија со Новак на која и двајцата се среќни и насмеани. Среќниот пар ужива во љубовта која се чини дека секој ден е се посилна.

На Новак не му оди најдобро на теренот на стартот од новата сезона, но емотивно е целосно исполнет. По раната елиминација на Индијан Велс, српскиот ас реши да го прескокне Мајами и да ужива во одмор со семејството.

Јелена во саботата сподели фотографија од среќните сопружници како се гушкаат и позираат на брегот на океанот. Насмевката на нивните лица зборува повеќе од илјада зборови.

Се вчитува...