Тентоглу и донесе ново злато на Грција во скок во далечина

Грчкиот атлетичар Млтијадис Тентоглу, го одбрани златниот медал во скок во далечина. Тентоглу вечерва во Париз скокна 8.48 метри, и така ја продолжи доминацијата во оваа дисциплина.

Втор беше Пинок од Јамајка кој прескокна 8.36, додека третото место му припадна на тинејџерската сензација, Матија Фурлани од Италија кој скокна 8.34.

Тентоглу е вториот атлетичар кој во оваа дисцилина освојува две злата едно по друго после Карл Луис.

Се вчитува...