Ракометарите на Вардар имаат позитива од 16-14 на полувреме против Е. Пелистер во македонското „Ел-класико“ како дел од 5. коло од новата сезона во Суперлигата на Македонија.
Откако во воведните две минути двата тима одиграа гол за гол (2-2), прв поголема разлика направи домаќинот кој со серија од три гола во 7. минута поведе со 5-2 по што следуваше првиот тајм-аут на тренерот на гостите Гарабаја.
По тајм-аутот се стабилизираа гостите, па на влезот во 12. минута стигнаа до негатива од само еден гол 6-5. Токму во овој момент се случи мала искра на теренот по која Вуко Борозан доби директен црвен картон. Црвениот картон како да им даде дополнителна сила на домаќините кои во следниот период повторно стигнаа до плус три (8-5). Во следниот период домаќинот ја држеше предноста од три гола, а по погодокот на Цехте за 11-9 во 20. минута, првпат пауза од шеесет секунди побара и домашниот тренер Иван Чупиќ.
По влегувањето на „Чкембари“ во салата се случи нов прекин на најголемото дерби. Битолчани запалаија факел на трибините по што домашните навивачи „Комити“ веднаш сакаа да влезат во клинч со големите ривали од трибините.
По прекинот од десетина минути натпреварот продолжи, a на пет минути до крајот на првиот дел Вардар влезе со позитива од 14-12. „Црвено-црните“ играа одлично во дефанзивата па со голот на Тузолана во 29. минута повторно стигнаа до плус три 16-13. До крајот гостите преку Кузмановски погодија за 16-14 по триесет минути игра.
Јака Малус со пет гола е прво име кај домаќинот, додека кај гостите по три гола постигнаа Кузмановски, Манасков и Радивојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

