Тензични минути на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде Вардар по 65 минути игра има негатива од 0-1 против Гостивар во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По неколку судиски одлуки со кои не се согласуваше, тренерот на Вардар, Александар Васоски не можеше да ги скрои емоциите па по вербален судир со главниот судија Стојанче Стојанов доби и исклучување.
Вардар до крајот ќе биде без шефот на стручниот штаб до крајот на мечот во кој има негатива од 0-1 од 31. минута кога Гостивар дојде до предност со голот на Кехинде.
Интересно беше на Маџари, по првиот дел Вардар губеше од Гостивар, а по неколкуте судиски одлуки на штета на својот ти, тренерот Александар Васоски имаше дуел со судијата Стојанче Стојанов.После ова тој доби црвен картон и мораше да ја напушти клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

