Тензично во Тотенхем, Конте пред отказ!?

Тотенхем за три дена го помина патот од раскош до очај. Гламурозната победа против Манчестер Сити во текот на викендот беше анулирана со срамниот пораз од Барнли во средата навечер, што го принуди темпераментниот Антонио Конте да се отвори искрено.

Во четвртокот наутро беше објавено дека трофејниот стручњак отишол дотаму што понудил оставка, доколку челниците го гледаат проблемот во него, а порој остри зборови го принудил сопственикот на клубот Даниел Леви да свика состанок со Италијанецот.

Конте се наоѓа пред неизвеснот во сезоната, а сите зборови кои јавно ги кажал ќе мора да и ги објасни на Леви, дознава британски „Атлетик“. Претседателот на клубот е премногу лут на менацерот на „петлите“, укажувајќи на тоа дека за ваков „радикален“ потег на еден тренер, пред се’ е неопходно да се прашат и играчите кои се воодушевени од начинот на кој Конте го води тимот, па за нив би било голем проблем да останат без тренер по втор пат оваа сезона.

Според Фабрицио Романо, Конте нема да отстапи од своите идеи за кои зборуваше на почетокот на ноември кога пристигна во клубот, па сега останува на Леви и Тотенхем да му дадат нова шанса со гаранции и договор за создавање на тим на долгорочен план.

По поразот од Барнли, Тотенхем има цели седум бода помалку од местото кое води во Лигата на шампионите, а веќе в сабота гостува во Лидс.

Се вчитува...