Рома славеше со 1-0 против Лацио во „Дерби дела капитале“, а овој натпревар како и многу пати досега го обележаа големиот број на инциденти. Аргентинецот Пауло Дибала неколку пати во текот на мечот влезе во вербални и физички дуели со Французинот од Лацио Матео Гендузи.
Во еден момент влегоа во клинч, откако Аргентинецот го фати за коса на противникот. Судијата сепак им прогледа низ прсти, но Аргентинецот и Французинот продолжија да ја водат својата мала војна секогаш кога ќе се најдеа во домет.
Во 85. минута повторно се разгореа страстите, а потоа Дибала го „удри“ Французинот онаму каде што најмногу го боли – го извади костобранот со грбот на Аргентина и ја „посоли“ мундијалската рана на Французинот. Фудбалерот на Рома не пропушти да го потсети Гендузи на болниот пораз во финалето на Светското првенство во Катар.
Dybala showing Guendouzi his shin pad which has a picture of Argentina winning the World Cup on ☠️🍿 pic.twitter.com/JzfWWkaEie
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) April 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

