Тензии во Јувентус: Пресметка меѓу Паредес и Алегри на вчерашниот тренинг

Нема крај на проблемите на Јувентус оваа сезона. Клубот ја загуби шампионската титула, а му беа одземени 15 бодови поради финансиски малверзации. Клубот испадна од групната фаза во Лигата на шампионите, а сега игра во 1/4 финалето во Лигата на Европа против Спортинг.

Според информациите од Италија, вчерашниот тренинг на Јувентус минал бурно. Фудбалерот Леандро Паредес влегол во вербелна пресметка со тренерот Масимилијано Алегри. Ова го откри новинарката Фабијана Дела Вале.

Наводно Паредес својот бес го искажал поради слабата минутажа. После тренингот Аргентинецот веднаш си заминал дома, односно не заминал на заедничкиот ручек со екипата.

Ова само го потврдува фактот дека Јувентус нема да го откупи договорот на Паредес од ПСЖ. Играчот од средниот ред игра како позајмен во Јувентус, со можност да откуп од 22,5 милиони евра, но многу веројатно дека тоа нема да се случи. И слабите игри се причината за да не го откупи договорот. Тој запиша само една асистенција.

Се вчитува...