Тензии во Мадрид, Кореа го спаси Атлетико од пораз против Реал (ВИДЕО)

Тензично и крајно неизвесно дерби во Мадрид со по еден бод за двата клуба. „Земјотресот“ се случи во полседните секунди од мечот кога Кореа успеа да израмни и да му донесе бод за Атлетико.

По првиот дел немаше голови, а Милитао во 64. минута после асистенција на Винисиус успеа да погоди во мрежата со помош и на Љоренте. Овој гол придонесе за тензии на трибините, откако навивачите на Атлетико го гаѓаа голманот Куртоа после провокоцијата, по што беше во прекин десетина минути, а фудбалерите беа повлечени во соблекувалната.

После прекинот мечот продолжи, а Атлетико најде сила да израмни. Анчелоти ги повлече своите најдобри играчи Винисиус и Родриго.

Кореа успеа да постигне гол во 94 минута од средбата. Најпрво истиот беше поништен поради офсајд, но тука реагираше ВАР и така овој погодок мораше да биде признат. На крајот Атлетико го заврши мечот со 10 играчи откако Маркос Љоренте доби директен црвен картон после остар старт.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...