Како се наближува јанурскиот трансфер период очигледно на површина избиваат и првите несогласувања во Реал Мадрид меѓу претседателот Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти. И тоа поради Ферландо Менди.
Реал и натаму планира да го продаде Менди. Перез е одлучен да се реши од левиот бек кој никако не успеа да ги оправда вложените средства. Раководството на Реал смета дека најдобрите години на Французинот се веќе зад него, не се задоволни и од неговата историја на повреда па се одлучни да го продадат и веќе во јануари веруваат дека ќе добијат соодветна понуда ако се знае дека има интерес од Саудиска Арабија.
Но, од друга страна, Карло Анчелоти не сака да се откаже од 28-годишниот фудбалер и токму поради тоа на последните пет меча во првенството и во Лигата на шампионите се најде меѓу стартерите.
Анчелоти веќе отворено му кажал на Перез дека не сака Менди да биде продаден, но од друга страна неизвесно е дали и Анчелоти следната сезона ќе биде на клупата на Реал Мадрид. Менди на неделно ниво ги чини „кралевите“ по 200.000 евра бруто плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

