Италијанските медиуми меѓу кои и „Газета“ и „Скај“ известуваат за тензија помеѓу Наполи и Ромелу Лукаку. Причината за ова е што белгискиот напаѓач моментално е во својата татковина и нема намера да се врати во Италија во наредните денови за да се приклучи на својот клупски тим.
Откако отпадна од составот на Белгија за турнејата во САД, Наполи инсистираше тој да се врати, но играчот одби, и остана во Брисел со мајка си и децата.
Тензиите меѓу Ромелу Лукаку и Наполи ескалираа откако напаѓачот утрово го информираше клубот дека нема да се врати на последните два тренинзи од неделата, одлучувајќи да остане во Белгија за да се опорави, да се чувствува корисен за финалниот дел од сезоната на сезоната и да се подготви за претстојното Светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

