Фудбалската репрезентација на Косово вечерва ќе ја пречека Шпанија во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар. Пред мечот повторно имаше тензија меѓу домашните новинари и шпанскиот тим кои не сакаа да изговорат Косово.
Пабло Сарабија беше прилично збунет на прес-конференцијата откако константно место Косово говореше „домашниот тим“, а тоа ги налути новинарите од Косово.
Еден од нив потоа одлучи да го праша шпанскиот фудбалер „Зошто не кажеш Косово, зошто говориш домашниот тим?“, на што Сарабија кратко одговори „Не го разбирам прашањето“.
🥶 @Pablosarabia92 protagoniza el momento más tenso de la rueda de prensa
🗣️ Un periodista local le echa en cara no pronunciar la palabra “Kosovo” y referirse a su rival como “equipo local”
🎙️ “No entiendo la pregunta”#PartidazoCOPE pic.twitter.com/8Z6zk1WaPj
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) September 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА