Тензија, прекин и убедлив триумф на Будуќност против Црвена Звезда

Кошаркарите на Будуќност поведоа со 1-0 против Црвена Звезда во полуфиналната серија во АБА лигата.

Натпревар кој помина во голема тензија, а на стартот на вториот дел беше и во прекин откако полетаа предмети кон гостинските играчи, на крајот домаќините го прегазија противникот и славеа со убедливи 104-70.

Рашид Сулајмон со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Јаго дос Сантос и Филип Петрушев постигнаа со по 11 поени.

Се вчитува...