Тео Хернандез пред договор со Ал Хилал

Ал Хилал е на прагот да постигне договор со ѕвездата на Милан, Тео Хернандез. Милан релативно лесно постигна договор со Ал Хилал за обештетување. Би требало да изнесува 30 милиони со уште пет милиони евра за бонуси.

Без проблеми изненадувачки поминаа и преговорите помеѓу клубот и играчот. Францускиот репрезентативец долго време ја отфрлаше можноста да замине во Саудиска Арабија и после тоа сакаше да замине во Атлетико Мадрид. На Милан сепак не му се допадна финансискиот аранжман кој го понудија од шпанскиот тим.

Преговорите меѓу двете страни напредуваа, а според последните информации договорот е блиску и се очекува да се реализира во следните 24 или 48 часа.

Се вчитува...