Европскиот првак Реал Мадрид го реализира првото засилување во овој летен преоден рок, откако го потврди трансферот на Тео Хернандез, 19-годишниот дефанзивец од Алавес. Тој всушност досега беше играч на Атлетико Мадрид, кој играше на позајмица во Алавес, па оттаму овој трансфер добива поголемо значење во шпанската престолнина. Може да ги разгори страстите меѓу двата мадридски ривали, Реал и Атлетико.
Тео Хернандез во наредните шест години ќе го носи „кралскиот“ дрес, а својата официјална презентација ќе ја има в понеделник, на 10 јули, откако претходно ќе ги мине медицинските прегледи на „Сантијаго Бернабеу“. За шест сезони како играч на Реал Мадрид, Тео Хернандез, кој игра на позицијата лев бек, ќе заработи 26 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА