Кошаркарот на Олимпија Милано, натурализираниот Македонец, Џордан Теодор поради повреда на левиот скочен зглоб ќе го пропушти гостувањето во Истанбул против европскиот шампион Фенербахче. Плејмејкерот веќе го започнал процесот на рехабилитација, но медицинскиот тим нема да го форсира со опоравување, иако на италијанскиот тим им претсои тежок меч против избраниците на Жељко Обрадовиќ.
Покрај Теодор, Милано за Истанбул ќе патува без Авуду Абаз и Давиде Пасколо, а самиот меч е закажан за во четврток, во рамките од 23. коло во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА