Кошаркарскиот клуб ТФТ доби репрезентативно засилување. Станува збор за 20-годишниот Теодор Симиќ, кој за првпат ќе игра во македонскиот шампионат, после настапите во Шпанија и во БИХ.
Симиќ на 14 годишна возраст замина од Македонија, и неколку години мина во Барселона. Лани играше за Борац Бања Лука, а после кратка авантура во шпанскиот Прат, направи „кам-бек“ во Македонија.
ТФТ во своите редови веќе ги ангажираше Адем Мекиќ и Страхил Николов, кои се соиграчи на Симиќ во националниот тим.
Синот на прославениот Тони Симиќ своето деби за ТФТ ви требало да го има против Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА