Бутел донесе значително засилување за наредната сезона откако скопскиот суперлигаш го официјализираше трансферот на Теодор Тодески, младиот лев бек за кого се интересираа неколку клубови од елитното друштво.
Левиот бек потекнува од составот на Прилеп, играше за Металург, а потоа беше член и на Алкалоид и Мулти Есенс, од чии редови се приклучува на тимот на Бутел.
„Се одлучив да потпишам за Бутел, иако имав понуда од повеќе клубови бидејќи таму ја гледам шансата за напредок на мојата игра. Се надевам дека под водство на тренерот Горан Кузманоски ќе одам ниво погоре јас како и клубот и заедно ќе се радуваме на нови успеси“, изјави Тодески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА